Србија ги лажирала официјалните податоци за Ковид-19?

Србија секојдневно ги лажирала податоците за коронавирусот, а бројот на жртви е повеќе од двојно повисок од оној кој го пријавуваат властите. Истражувањето кое го објави Балканската истражувачка мрежа (БИРН) покажува дека заклучно со први јуни, во Србија регистрирани се 244 смртни случаи, но според истражувањето, бројката всушност 632.

Последните недели се правеле манипулации и со бројот на заразени од вирусот. Па така, минатата недела дневно имало меѓу 300 и 340 новозаразени од коронавирусот, а пред јавноста било соопштено дека вкупно има 97 новозаразени. Новинарите на БИРН дошле до податоците преку специјален „Извештај за владата“ кој бил подготвен од здравствените власти. 

Најголема разлика во бројот на умрените пациенти била забележана во Клиничкиот центар во Ниш каде властите официјално тврдеа дека починале 77 пациенти. Но скриените податоци укажуваат дека вистинската бројка на жртвите е 243 луѓе. На една клиника во Белград и на една во Земун бројот на жртвите бил „намален“ за по педесетина луѓе. Во бројни други болници низ земјата резултатите се намалувале за по десетина пациенти. Лажирањето на бројките на починатите започнало уште во април годинава, а траело се до почетокот на јуни. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.06.2020 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега