Србија: Татко со години ја малтретирал и ја држел заклучена како робинка својата 8-годишна ќерка

Осумгодишно девојче е пронајдено едвај живо во стан во Белград.

Како што раскажува за „Телеграф“, татко ѝ Урош Пашалиќ (37) со години ја малтретирал и ја држел заклучена во станот.

Кога ја пронашле, била во многу тешка состојба и изгладнета. Таткото ги малтретирал неа и мајка ѝ, раскажуваат соседите за „Телеграф“.

По Урош Пашалиќ (37) е распишана потерница откога, како што изјави за „Телеграф“, неговата сопруга Ивана дошла во полициска станица со скршен нос и модринки под окото и го пријавила за насилство.

„Дојде цела претепана и облеана во крв. Таа пријави дека Урош ја тепал и дека во станот има осумгодишно девојче, кое е држено како робинка. Полицијата отишла во станот и наишле на страшна глетка. Малото девојче било спасено“, изјавил извор од истрагата за „Телеграф“.

„Откако дежурниот заменик на Првото основно јавно обвинителство Белград бил известен за насилството, на осомничениот му е одредена мерка притвор“, соопштија од Обвинителството.

27.03.2023 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега