Средба Мицкоски-Клајн: „Македонија во ЕУ без уцени и условувања“
Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски оствари средба со амбасадорот на Унгарија, Н.Е. Андраш Клајн.
„На средбата беше посочено од страна на Мицкоски дека блокадата со која се соочува државата на патот кон ЕУ интеграциите поради потребата за уставни измени преставува доказ за погрешните чекори и слепата улица во која е доведена Македонија како последица на капитулантската надворешна политика, но и чекорите без стратегија со која владата ја доведе земјата во незавидна состојба.
Уставни измени од оваа власт, под ваков бугарски диктат нема да се случат, а сите спротивни изјави од првенците на власта се само евтин политички маркетинг и де фокус од нивната неспособност, власта нема мнозинство гласови да работи спротивно од волјата на народот, посочи Мицкоски на средбата со Клајн“, информираат од опозициската партија во соопштение испратено до медиумите.
На Македонија и е потребна интеграција во ЕУ базирана на извесна иднина без дополнителни условувања и уцени, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој ја истакна и загриженоста за тешката економска состојба, енергетската криза и растечката инфлација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа