Српски тенкови тргнаа кон преминот Јариње

Медиумите од Балканот пренесуваат дека војската на Србија денеска ги преместува тенковите од Рашка кон административниот премин со Косово Јариње.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое може да се види колона од големи камиони шлепери кои носат тенкови. Според засега непотврдени информации колоната тргнала од Рашка и се движи кон административната граница со Косово.

Според медиумите станува збор за модернизирани тенкови Т-72 МС опремени со нова оптика и најсовремена воена опрема, кои се дел од воената донација на Русија за Србија.

Инаку, веќе пет дена околу 100 припадници на специјалните косовски единици Росу се на администратвните премини Јариење и Брњак со дваесетина оклопни возила.

25.09.2021 - 21:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега