Стоилковски: Градоначалникот на Ѓорче Петров ќе остави фотографии од кафеани

Што би рекле за градоначалник ако за сиот мандат донел неколку, на прсти да се избројат урбанистички планови, и во нив да има испланирано 100 згради, а во последните реални 6 месеци од неговиот мандат да сака да избутка 25 планови, со површина од речиси ¾ од целата општина? Знам што помисливте, ова денеска преку „коментар на денот“ го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Е па токму тоа го мислат и во Ѓорче Петров, во скопската општина каде што едвај чекаат да заврши мандатот на Александар Наумоски! И мислењето во Дексион, Даме Груев, во Хром и другите делови од Ѓорче Петров не се разликува мислењето за него, затоа што после оние 100 згради планирани за Хром, не ни сакаат да замислат што ли им подготвува Наумоски со тие негови 25 дупови? Наумоски е најнеуспешниот градоначалник што го имале до сега. А да не биде како флоскула, еве и со бројки – Наумоски заедно со СДСМ во 2017 година ветуваа вкупно 256 проекти! Од нив, реализирани досега се 6,6%, односно само 18 проекти за 3 и пол години! Од тоа што го изработи Наумоски – партнерот во политиката со Шилегов и нереализирањето на продолжувањето на булевар Илинденска, ѓорчевци имаат само главоболки и трчања по институции, на пример за оспорување на оние 7-8 ДУП-ови кои што тој им ги донесе, вели Стоилковски.

Тој додава дека затоа во Ѓорче Наумоски нема реализирано ниту

– Отворен и затворен базен – ветени од Наумовски и СДСМ

– Пазар во Даме Груев – ветен од Наумовски и СДСМ

– Нова амбуланта во Дексион – ветен од Наумовски и СДСМ

– Нема нов голем трговски центар

– Нема Музеј на современа уметност

– Нема нов театар

– Нема Мултимедијален центар

– Нема Спортска сала во Хром

– Нема ништо од Реновирање на СЦ Партизан

– Абер нема од решавање на загаденоста, и решавање на најголемата, Новоселската депонија

– Нема нова градинка во Дексион, ниту Реконструкција на старото училиште во Кучково

– Уредување на кејот на реката Лепенец и велопатека во Кучково се уште е само сон во Ѓорче Петров, а се ветени од Наумоски и СДСМ.

– И главното, наместо Спречување на урбан хаос како што вети, тој го сработи ДУПот за 100 згради во Хром.

Тој додава дека за ветената Гасификација на општината –  нема потреба ниту збор да кажам.

-Но за овие четири години, од ѓорчепетровци има и едно прашање за Наумовски, дали по новиот џип БМВ по само една година, сега на крај на мандатот градоначалникот не го обновил личниот возен парк со нов џип Мерцедес? Наумоски, вака за тебе зборуваат делата на СДСМ во Ѓорче Петров! Таа новата изградена општинска зграда, нема потреба ниту да ја пушташ повеќе, и онака наскоро друг ќе седне таму! По сето ова, Наумовски на граѓаните во Ѓорче Петров ќе им остави негови фотографии од одење по кафеани и долгот од 80 милиони денари за изградба на корзо токму пред неговиот имот, потенцира Стоилковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.02.2021 - 19:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега