Стоилковски: Мостот Беласица во најкус рок да е безбеден и во функција, дали на СДС и Арсовска ќе им треба цела година само за да договорат криминал
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски ја повика власта во најкус рок да го стави во функција мостот „Беласица“. Тој ја обвини власта дека дава 200 милиони евра за, како што рече, незакована шајка, а Скопје ќе го остави цела година без мост во центарот.
„Дали на СДС и миленичката Данела, им треба цела година за крими бизнис договор за ќарот од мостот? Недозволиво е коалицијата СДС и Данела Арсовска по сите редовни средби да го остават Скопје без уште еден мост!
Во исто време кога се плаќаат над 200 милиони евра за незапочнат проект и за пенали, Скопје ќе го остават цела година без мост! Во исто време кога ќе плаќаат дивоградби како легални, изграден мост, по ист принцип да не биде поврзан со Скопје“ рече Стоилковски.
Тој додаде дека граѓаните две години ги кршат автомобилите од мостот Близнак кон Автокоманда, новиот мост кај салата МЗТ проектиран од ВМРО-ДПМНЕ не се пушта во употреба, а сега и мостот „Беласица” е затворен.
„Половина Скопје, од Центар до крајот на Скопје нема нормален мост! После мостот кај МАНУ, следен е мостот кај Јурумлери! Јасно е, Скопје и скопјани ќе трпат, се додека крими – бизнис партнерите не договорат кој ќе земе процент! Секој ден одложување на санација на мостот Беласица, но и пуштањето на новиот мост, е криминален резултат на Данела и директорите од СДС, од ДУИ и од Левица!“ изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Повика на одговорност на коалицијата Арсовска-СДСМ доколку мостот во најкус можен рок не биде безбеден и ставен во функција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа