Стоилковски: Не се сомневавме дека Пендаровски ќе има поинаков став од Ковачевски и неговиот стопан ДУИ
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, изјави дека не се изненадени од ставот на претседателот Пендаровски дека тој не е поинаков од ставот на премиерот Ковачевски.
„Не се сомневавме дека Стево Пендаровски ќе има поинаков став од Димитар Ковачевски и нивниот стопан во власта, ДУИ. А замислите да се охрабреше да има став со кој ќе ги брани националните и државните интереси.
Обврска е на Стево Пендаровски да прави што мисли дека е најдобро за државата и народот, а не што е добро за Димитар Ковачевски и ДУИ“, рече Стоилковски.
13.06.2023 - 15:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа