Стоилковски: Нема пострашен доказ за недемократско владеење од тоа претседател на Собрание да бара кршење на Устав

Нема пострашен доказ за недемократско владеење од тоа претседател на Собрание да бара кршење на Устав!
Среде дипломатски пораз на меѓународен план, со клекната држава пред неконтролиран вирус, колабирано здравство во целост, со земја завиена во црнина, со галопирачки економски крах, работници оставени на улица, се предлага кршење на Устав, за без пратеници во салата да се носат закони!, стои во Фејсбук статусот на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– И сето тоа само и само за да може да се легализира марихуаната на Заеви, да се легализираат дивоградбите на мафијата, да се продаде се што може, да се изгласаат наводни “анекси на добрососедство”, да се доискраде, присвои, земе, уништи што остана од Македонија!, пишува тој.

– Вакво одвнатре погазување на Собранието и собраниската демократија е врв на деспотски режими! Не седница за менување деловник, туку итно се потребни седница за одговорност на Филипче, седница за одговорност на Димитров, седница за одговорност на Османи, за одговорност на Заев… Тоа сега би било вистинската работа на Собранието Тоа од Собранието и се очекува. Тоа е вистинската функција на Собранието, а не кршење на Устав!
Но, веќе им прејде во навика, нели?, вели тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2020 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега