Стоилковски: Од кој датум Груби има одобрение за управување туѓо возило Ауди А6

 

 

Според портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, Артан Груби и институциите должат одговор: Од кој датум Артан Груби има одобрение за управување на туѓо моторно возило во земјава и во странство?

Ова, како што вели Стоилковски, е многу важно да се одговори, затоа што ќе даде одговор или насока за одговор на многу други веќе отворени прашања.

Според него, многу се важни следните датуми:

„На 15 август 2022 година Еуроком Лајтинг на комшијата на Груби го купува хотелот на Шапка за 55.000 евра.

На 24 август 2022 година, девет дена потоа, Еуроком Лајтинг на комшијата на Груби, регистрира Ауди А6, автомобил со поголема цена од платената за хотелот на Шапка.

Артан Груби јасно порача дека немал потреба да купува приватно возило, 24 часа на располагање имал службена кола, дека комшијата на приватно располагање му дал автомобил од над 55.000 евра на старо, на која необјаснето до сега е инсталирана полициска светлечка сигнализација- флешери, а некој ја запалил колата затоа што како што вели Груби, сакал да го спречи да работи за доброто на Македонија!?

Ова е уште една во низата навреда од Артан Груби за интелигенцијата на народот, но и е уште еден еклатантен доказ дека Артан Груби ужива во неказнивост заштитен од институциите“, посочува Стоилковски.

Појаснува дека луксузно возило Ауди А6 3.0 , произведено 2021 година, во Македонија е регистрирано 2022 година. Сегашната вредност, како што вели на вакво возило е над 55.000 евра.

„Сопственикот на колата на хартија е 35 годишен бизнисмен со фирма Еуроком Лајтинг што го купува хотелот на Попова Шапка од Гранит за 55.000 евра. Според фактите изнесени во медиумите, фирмата Еуроком Лајтинг три години работи со загуба и од пет останува само со еден вработен во 2021 година. Гранит, пак, продавачот на хотелот, лани добива втор милионски тендер како единствен понудувач за автопатот до Блаце од Државни патишта раководено од ДУИ, само неколку дена по солемизација на купопродажниот договор за хотелот“, додава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Оценува дека многу е важно Груби и институциите да обелоденат: од кој точен датум Артан Груби има одобрение за управување на туѓо моторно возило во Македонија и во странство?

26.07.2023 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега