Стоилковски: Скопје и Македонија горат, Шилегов на суперлуксузен одмор
Петре Шилегов одмора, никаде го нема. Скопје и Македонија изгореа, Шилегов сеуште лежи на суперлуксузен одмор, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Почитувани, во хотел Монте Мулини, суперлуксузен хотел во Ровињ, Хрватска, За 6 ноќи за двајца треба да платите 12.300 евра, Три просечни плати за еден ден одмор во суперлуксузниот хотел во Ровињ. 15 дена Шилегов е во Ровињ, одмора. Сарај, Скопје, Македонија може да изгорат, Шилегов одмара. 15 дена слушаме од ЦУК дека Сарај гори, Сарај е во опасност од пожари, од подземни жаришта. 15 дена не може да се изгаснат пожари на 5 километри од Скопје. Ама Шилегов одмора никаде го нема. 15 дена го нема. Изгоре Македонија, тој е во Ровињ. Почитувани, Сарај е зафатен со опасни пожари, оној Стојанче Ангелов вели тлее подземен оган којшто не може да го изгаснат. А Шилегов одмора 15 дена во Ровињ. Шилегов бега од одговорност. Да беше доблесен, веднаш ќе се вратеше. Но Шилегов дезертираше пред опасност за Скопје. Шилегов е недостоен, ниту за Скопје ниту за ЗЕЛС. Доколку има грам доблест Петре Шилегов веднаш мора да се појави во Скопје и да каже дали за цело време додека цела Македонија стравуваше пред пеплосување, тој остана во Ровињ?, прашува Стоилковски.
Тој додава дека Македонија изгоре, Скопје се палеше, сега Сарај е во опасност, а тој од хрватските плажи во Ровињ пушта слики на социјални мрежи. Во Сарај и во Скопје ќе дојде пред избори, да моли за гласови.
-Почитувани, цел свет се смее на ФАПот стар 50 години. Одмор во Ровињ од 6 дена чини над 12.300 евра. Три просечни македонски плати за еден ден одмор! Петре Шилегов го нема 15 дена! За Скопје, нема полошо од Шилегов, потенцира Стоилковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа