Стоилковски: Заев потроши 2 милијарди евра, дали некој се сеќава барем на еден проект?

Зоран Заев сите нас не задолжи 2 милијарди евра, можете ли да се сетите барем на еден видлив проект кој што го направил? Заев потроши 2 милијарди евра, дали некој се сеќава барем на еден проект?Ова денеска на прес-конференција го праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, додавајќи дека СДСМ и Заев донеле само проблеми, тешка живеачка и понижување за државата.

-СДСМ потрошија 2 милијарди евра, пари кои ги земаа преку заеми, кои утре сите ние ќе треба да ги враќаме. Го задолжија секое едно семејство за нови 4000 евра, а памтите ли барем нешто да изградија? Памтите ли некоја нова болница, некое ново училиште, или пак факултет? Памтите ли да изградија некој нов автопат, надвор од тие изработени од ВМРО-ДПМНЕ? Направија ли гасификација или нов клинички центар кој што го ветуваа? Памтите ли да ме внесоа во Европската унија или за 4 години да постигнаа некој значаен успех во надворешната политика? Но затоа не задолжија за 2 милијарди евра, рече Стоилковски.

Праша дали некој може да се сети барем на една странска инвестиција.

-Имаме ли бесплатно здравство или луѓе ни собираат пари за да може да се лекуваат? Купија ли нови болнички возила или директорите на болниците бараат возила преку фејсбук? Ова не го направија но затоа имаме: Пад на индустриското производство од 12.1% за само девет месеци годинава, Намалување на бројот на  работници во индустријата за 4.7%, 40.000 нови невработени лица, 40.000 активни случаи од КОВИД 19, Над 1000 починати од КОВИД 19, Пропадната банка во афера тешка 200 милиони евра, Половина милион граѓани кои живеат со 130 денари на ден, рече Стоилковски.

Тој го обвини премиерот дека примал и мито.

-Криминал со Шик Јелак тежок 200 милиони евра, за земјиште за кое постои аудио материјал дека лично Зоран Заев примил мито од 300.000 евра, но и ветување за 2000 метри квадратни простор, Милионски тендери за Силјан Мицевски во РЕК за ископ на јаловина, наместо пари за набавка на машини, Неуспех во патот кон ЕУ, заради лошото водење на надворешната политика. Македонија се измори чекајќи Заев да оствари тоа што го вети, но затоа доби тоа што никој не го посакуваше, хаос, беспарица и тешка сиромаштија. Уште еднаш ќе прашам, сите нас Зоран Заев не задолжи  2 милијарди евра, можете ли да се сетите барем на еден видлив проект кој што го направил?, праша Стоилковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2020 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега