Стојанче Ангелов го напушта Ковачевски: Соработката со СДСМ веќе е минато

 

„Соработката со СДСМ веќе е минато“, потенцираше вчера во емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ првиот човек на Центарот со управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Тој е првиот директор од редовите на власта кој што го напушта јатото на СДСМ.

– Во овој момент сметам дека соработката со СДСМ е минато. Оваа влада потфрли во суштината на Достинство. Прогласија само четири воени инвалиди. СДСМ треба да го притисне ДУИ и Талат Џафери – вели Ангелов.

Ангелов искажа незадоволство и за суштинските промени во ЦУК.

– Во делот на кризниот менаџмент влегов со срце, ја проучив материјата, цело време сум на терен, но за жал не ми беше дадена можноста да ги направам неопходните реформи. Професорот Марјан Ѓуровски, кој е дел од главниот штаб на ЦУК, за кој јас лично се сомневам најблиску бил до оган ако правел скара – вели саркастично генералот Ангелов.

19.12.2023 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега