Стојанче Ангелов ја напушта коалицијата на СДСМ: Поднел оставка од ЦУК, но Ковачевски не ја прифатил

Достоинство на првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов излегува од коалицијата на СДСМ.

Ова денеска го потврди претседателот на партијата кој положи цвеќе на споменикот на учесниците во одбраната на Македонија во 2001. година. 

Ангелов вели дека главна причина за тоа е неисполнувањето на партијата за обештетување на воените инвалиди и семејствата на загинатите бранители.

-Иницијативите на Достоинство поднесени до Владата и Собранието, со кои нудевме решение на овој апсурден проблем, добиваа постојана подршка од страна на премиерот Ковачевски и министерката за одбрана Петровска, но, поради противењето на ДУИ истите не поминаа, вели Ангелов.

Тој ја депонирал својата оставка од функцијата директор на Центарот за управување со кризи, но власта не ја прифатила.

-Покрај моите јавни укажувања, за нашата намера да ја напуштиме оваа коалиција благовремено го известив врвот на СДСМ. Притоа им се заблагодарив за досегашната коректна политичка соработка вклучително и за моето именување за директор на ЦУК, особено за можноста да работам со полн капацитет, со целосно одврзани раце и константна подршка од страна на Владата. Се заблагодарив и за покажаната толерантност кон моите јавно искажани политички ставови и мислења за некои прашања и состојби во Македонија а кои се косеа со официјалните ставови на СДСМ. Воедно на генералниот секретар Зечевиќ и на претседателот Ковачевски им предложив, до претседателот на владата, да понудам оставка на мојата позиција директор на ЦУК но од нивна страна тоа не беше прифатено поради што останувам да го предводам ЦУК до формирањето на следната политичка влада. Годините кои ги поминав во коалиција со СДСМ ми овозможија да се ослободам од моите претходни политички предрасуди бидејќи таму запознав и станав пријател и другар со многу добри и чесни луѓе како и искрени патриоти и одлични професионалци, вели Ангелов.

Вели, ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, иако нема загарантирано ниту едно пратеничко место. 

-Минатата недела раководството на Достоинство донесе едногласна одлука да ја прифатиме можноста да влеземе во коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Во разговорите со ВМРО ДПМНЕ пратеничко место ниту баравме ниту ни беше понудено. Нашиот фокус како репрезент на македонските бранители од 2001 година не е освојување на пратеничко место туку барање на решенија за проблемите на припадниците на безбедносните сили, учесници во одбраната на Македонија во 2001 година како и борба за нивните права, вели Ангелов.

24.03.2024 - 14:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега