Стојановски: Претседателка на Надзорен одбор си се вработила во претпријатието што го контролира

„Скопје ја има Данела, Битола си го има Тони! Нема разлика, матрицата е иста! Беззаконие и хаос“. Ова го потенцираше на денешната прес-конференција Андреј Стојановски, член на ИО на СДСМ Битола.

„Претседателот на Надзорниот одбор на Јавното претпријатие Пазари се самовработил во претпријатието кое требаше да го контролира. В петок на Седница на Совет ќе биде разрешен од функцијата оти не можи во исто време и да биди вработен во Пазари и Претседател на Надзорниот одбор. Ова е само еден пример за тоа како ДПМНЕ и нејзините функционери работат. Ништо друго не ги интересира освен да си го наполнат џебот“, изјави Стојановски.

Претпријатието кое беше пример за цела Македонија, ДПМНЕ успеа за нецела година да го претвори во генератор на скандали и афери, кажа Стојановски.

„Предупредувавме дека директорката на Пазари е неспособна и недорасната за функцијата што и се потврди со нејзиното разрешување. Новиот директор е зет за ќерка на лидерот на ПОДЕМ, Живко Јанкуловски, коалицискиот партнер на ДПМНЕ, донесен во Пазари од омилениот бизнис партнер на Коњановски и ДПМНЕ. Ќе понесе ли тој одговорност што го вработи

Претседателот на Надзорниот одбор на истото претпријатие? Незаконитоста, хаосот и криминалот се вратија во јавните претпријатија со враќање на ДПМНЕ на власт во Битола. А, Пазари е релативно мало претпријатие за апетитите на опозициската партија. Може да претпоставите, почитувани граѓани, што се случува во Нискоградба, во Комуналец. За Водовод наскоро ќе обелодениме скандали кои нема да завршат само со прес конференција.

На Битола и се случува нов грабеж во режија на ДПМНЕ. Јавните претпријатијасе пред колапс не заради струјата, туку заради аздисаноста на директорите. На крајот, цехот ќе го платата граѓаните оти прашање на време е кога ќе се зголемат сметките за вода и за ѓубретарина“, додаде тој во своето обраќање.

 

14.09.2022 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега