Страшно злосторство во Германија: Тинејџер од Сирија силувал 12-годишно девојче на базен


Германија ја потресе уште едно злосторство со мигранти.

Имено, како што пренесува „Билд“, 15-годишен сириски тинејџер силувал 12-годишно девојче во базен. Страшното злосторство се случило во Брауншвајг, град кој се наоѓа во Долна Саксонија.

Локалниот дневен весник „Брауншвајгер цајтунг“ наведува дека злосторството се случило пред три недели, а јавниот обвинител потврдил дека е покрената истрага.

Обвинителството наведе дека тинејџерот прво ја малтретирал девојката додека биле во вода, а силувањето се случило во соблекувалната.

Истрагата ќе ги утврди сите околности кои довеле до делото. Локалните медиуми јавуваат дека полицијата не сакала да го обелодени судењето бидејќи жртвата и насилникот се малолетни.

Потсетуваме дека ситуацијата во Германија во однос на мигрантите е тензична, по неодамнешниот напад со нож во Солинген, каде имигрант од Сирија со нож уби три лица, а повреди уште седуммина.

03.09.2024 - 22:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега