Тајната е во една од состјките: Рецепт за мек леб кој се топи во устата

Замесете леб кој се топи во уста.

Тајната на мек леб, чиј вкус е подобар од оној од пекарницата, е во - млекото.

Состојки:

500 гр меко брашно

350 мл топло млеко

1 ќесичка сув квасец или ½ коцки свежо

1 лажица шеќер

½ лажици сол

масло за обложување

Подготовка:

Додадете ги сите состојки во брашното, освен маслото, и замесете мазно тесто. Покријте со фолија и оставете да стои 10 минути. Потоа премесете го тестото, минимум 3 минути. Вратете го, покријте и оставете го околу половина час да стасува.

По половина час поделете го тестото на 2 дела и обликувајте правоаголник. Должината на тестото треба да биде колку должината на садот. Истегнете го правоаголникот што е можно по правилно. На врвот, засечете го тестото, но не многу, а потоа превртете го (видете ја постапката во ВИДЕО).

Ставете го во плех обложен со хартија за печење. Премачкајте со масло и оставете го на собна температура околу 45 минути. Печете на 200 ° C околу 20 минути. Готовиот леб премачкајте го и со масло.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега