Талевски: Мицкоски не аплаудираше, си ги креваше панталоните кога се усвојуваше резолуцијата на Македонија во НАТО

 

„Го викнаа Христијан Мицкоски во Собрание, не ни аплаудираше кога се усвојуваше резолуцијата за членство на Македонија во НАТО. Си ги креваше панталоните. Тоа покажа какво е нивното недолично однесување во однос на државата“, изјави вечерва Миле Талевски од редовите на владејачката партија во вечерашното гостување во „Анализа“ на ТВ24. 

ВМРО-ДПМНЕ не се против уставните измени и тоа денеска го потврди и нивниот претседател Христијан Мицкоски, додаде пратеникот на СДСМ.

„Една година ВМРО-ДПМНЕ зборуваше дека нема да прифати никакви измени на Уставот, за денеска, за само два часа да го сменат ставот. Утрото дадоа изјава по седница на Извршниот комитет и кажаа дека не прифаќаат измени на Уставот, за после два часа Мицкоски да каже дека ќе поддржи уставни измени ама под одредени услови. Тоа е еден пресврт и тоа е добро за државата и за европската иднина“ посочи Талевски.

07.06.2023 - 23:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега