Таравари: Куршумот има заканувачка порака, ама промената почна и ништо не може да ја запре
Градоначалникот на Гостивар и актуелен претседател на АА, Арбен Таравари јавно се огласи на социјалните мрежи, откако денеска утрово беше најден куршум во неговиот двор. Во пораката напиша дека мајка му особено лошо ја доживеала ситуацијата, но дополнува дека тој куршум испраќал јасна мафијашка порака. Допонува дека промената започнала, и дека сега веќе ништо не можело да ја запре.
„Полициски екипи денеска беа кај мене дома, како што видовте во медиумите, бидејќи таму беше пронајден куршум со кој беше испратена јасна заканувачка мафијашка порака. Жал ми е за моето семејство и особено за мајка ми која особено лошо ја доживеа оваа ситуација. Жал ми е за тие политичари кои покажуваат дека нивниот аргумент да замолчи нечиј глас се куршумите, куршуми кои ме потсетуваат на Италија од 1992 година каде мафијата го уби познатиот судија Џовани Фалконе… Но, до тука ми е жал… тука завршува моето жалење и започнува мојата радост затоа што разбирам дека оние што ја држеа оваа земја како заложник се во очај на загуба! Секој што ќе остане без зборови, а му остана само куршумот е во голема неволја… На билокој што го фрлил тој куршум, му велам дека и тешка артилерија да користи, ПРОМЕНАТА ПОЧНА И НЕ МОЖЕ НИШТО ДА ЈА ЗАПРЕ!“, напиша Таравари на ФБ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа