Таравари: Разговаравме со Рама и Курти, но, никој од нив не инсистираше да се кандидирам

Првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари кој веќе најави дека ќе истрча на претседателската трка, во интервју за „Еуроњуз Албанија“ вели дека оваа иницијатива ја споделиле со премиерите на Албанија и Косово, Еди Рама и Албин Курти, но немало никакво инститирање од нив.

 

-Разговаравме со Курти и Рама на заедничка средба, но тоа не беше нивно инсистирање. Бевме убедени дека со кандидатура на Албанец постои реална можност албанскиот кандидат да оди во вториот круг и да ја покаже вредноста на Албанците во Северна Македонија. Немаше ниту инсистирање, ниту поддршка, ниту од Курти, ниту од Рама, туку разговаравме со нив, изјавил Таравари.

 

Додал дека одлуката за кандидирање е донесена откако неколку анкети покажале дека Албанците првпат имаат можност да влезат во вториот круг на претседателските избори.

 

-Направивме некои анкети и мерења на јавното мислење и врз основа на нив излегува дека Албанците првпат можат да влезат во втор круг на претседателски избори, па врз основа на нив испадна дека вреди да се натпреваруваме и да испишеме историја во Република Северна Македонија, рекол Таравари.

 

16.02.2024 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега