Татко и син се предозирале: Италијанец напишал книга за дрогата и синот да не тргне по неговите стапки, а сега го загуби засекогаш

 

Во познатото италијанско одморалиште Версилија, во провинцијата Лука, татко и син,во рок од половина час, засекогаш се одвоени од она што ги обедини: дрога - дваесет и петгодишен син почина, а таткото е во сериозна состојба.

Би можело да се каже дека е честа и трагична приказна, но еден детаљ е различен. Всушност таткото , 54 годишниот Џерардо Вентрел, пред 13 години напишал и објвил книга „мој круг“ во која го опишал искуството со дрогта и го повикал својот син  Самуел да не оди по неговите стапки, пат кој според напишаното во книгата, му го упропастил животот.

Таткото и синот, двајцата ја поминале вечерта во друштво, а потоа излегле и за половина час и на двајцата им се слошило на улица.

25-годишен син починал на лице место, а таткото е во критична состојба во болницата.

Првите откритија на докторот велат дека таткото и синот се жртви на предозирање со дрога и алкохол.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.08.2020 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега