Таткото на Данка ги запрел осомничените додека детето било во автомобилот


Министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ се обрати до јавноста во врска со убиството на Данка Илиќ

Гашиќ даде ретроспектива на целиот случај. 

„Мајката на Ивана Илиќ со децата дошла од Бор во 13 часот и 10 минути. Таа си играла со децата и ги фотографирала. Таа му испратила фотографии на сопругот во 13:22 часот. Синот и побарал вода, а таа за неколку минути сфатила дека Данка ја нема. Таа му се јавила на сопругот во 13 часот и 51 минути, а полицијата пристигнала во 13 часот и 59 минути – изјави министерот Гашиќ. Во 18 часот и 57 минути е активиран системот „Најди ме“, потсетува министерот Гашиќ.

-Детално го следевме движењето на мајката, и на сите можни лица кои поминале по истата рута. Проверувавме и кога е направена фотографијата. Тоа беа важни фактори за да добиеме информации колку долго детето било надвор од видното поле на мајката. Како функционира системот „Најди ме“ беше објаснето неколку пати и зошто не се активираше веднаш. Минатата година имавме над 600 пријави за исчезнувања, а најмногу од децата се наоѓаат во рок од неколку часа – истакна Гашиќ.

Тој додава дека Данка излегла од дворот и се движела по асфалтот.

-Околу 13 часот и 50 минути мајката видела машко лице покрај бело возило “фиат панда“ во кое биле осомничените. Рекле дека биле на работна задача во Бањско поле, за да проверат шахта. Нивните движења биле снимени на камера. Подоцна е снимено дека возилото застанало на капијата околу 13 часот и 50 минути. Возилото во кое се превезувале С.Ј и Д.Д., околу 2 и пол минути било пред капијата, застанале бидејќи им бил потребен тоалет. Потоа тргнале. Го удриле девојчето на 30-40 метри од местото за застанување. Автомобилот го управувал Д.Д., а телото на девојчето С.Ј го префрлил преку алатот. Тие се договориле да го фрлат телото на девојчето на депонијата. Во 13 часот и 57 минути ги запрел таткото на девојчето и прашал дали го виделе девојчето, на што тие одговориле негативно – рече министерот.

Потоа со автомобил се упатиле кон депонијата и телото на девојчето го фрлиле таму.

– За монструозноста говори и тоа што на повик на директорот на „Водовод“, каде што работеле двејцата, Д.Д отишол да го бара девојчето во Бањско поле свесен дека ја убил. Тој ден на територијата на Бањско поле влегле 17 возила, а од Бањско поле излегле само две, додека не дошла полицијата и не ги блокирала патиштата. Ова е важно бидејќи беше симптоматично што на 150 метри од местото каде што застанале во дворот на семејството Илиќ, тие 150 метри ги поминувале пет и пол минути. Како што знаеме, тие биле на депонијата една минута и 41 секунда – изјави Гашиќ.

Министерот за полиција рече дека со сите можни служби и средства повеќе пати е пребарана целата област.

– Секоја куќа во Бањско поле беше посетена од наши оперативци, проверена е секоја визба, шахта и замрзнувач. Истрагата тргна во три правци. Не можевме да отфрлиме киднапирање, дека детето е кај некого, а третата можност детето да е живо. Разговаравме со мајката неколку пати. Дали ни беше чудно што после три години мајката дошла во дворот каде имаше многу стакло и железо, ни беше. Но, моравме да ги добиеме сите информации за потребите на истрагата – рече тој.

Гашиќ посебно им се заблагодарил на сите припадници на полицијата, а вели дека сите цела ноќ биле во Бор и поминале низ се.

– Над 40 припадници на УКП со денови беа на терен, технички лица и полиграфисти спиеја по два часа за да исполнат се што беше побарано од нив. Станува збор за 46.000 логови, таканаречени телефонски броеви. Имаше толку многу промени на базните станици, да се поврзат, да се прегледаат, да се види дали некој ја следел мајката во тие моменти, или комуницирала со некого – објасни министерот.

Тој вели дека полицијата направила се што било предвидено во истрагата, а на терен биле неколку стотици припадници на сите служби на МВР.

Тој се заблагодари и на австриската полиција и Интерпол, како и на другите полициски служби во Европа.

04.04.2024 - 16:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега