Тажна вест: Почина познат тетовски лекар

 На 65 години почина познатиот тетовски лекар, началникот на кожното одделение при Клиничката болница Тетово и специјалист дерматовенеролог Фатмир Рушани. Голем број роднини и колеги ја споделија веста по социјалните мрежи, а веста ја потврдија и од Клиничката болница во Тетово.

-Роден на 3 мај 1956 година. Дипломирал на универзитетот во Приштина во 1984 година, додека специјализирал дерматовенерологија на државниот универзитет во Скопје во 2003 година, информираа од неговото семејство.

Погребот на починатиот ќе се изврши денес по пладневната молитва.

27.01.2022 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега