Тело на маж извлечено од Вардар кај Камениот мост


Вчера, околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје, пренесе Макфакс.

Неговиот идентитет засега е непознат за полицијата.

„Полициските службеници од Единицата за интервента полиција при СВР Скопје го извадиле телото од реката и кај него не биле пронајдени документи за идентификација“, велат од СВР Скопје за „Макфакс“.

Извршен е увид, а по наредба на обвинител, телото е дадено на обдукција.

21.05.2024 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега