Тешка сообраќајка во Штип, автомобил излета од патот


Вчера околу 10.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка“  во Штип, патничко возило „опел вектра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од К.И.(64) од Штип, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.Ј.(29) од Струмица, а возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

01.04.2024 - 11:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега