Тешка сообраќајка во Струмица: Повредени пет лица- пожарникари интервенирале при извлекувањето на повредените

 

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случи денеска околу 13:50 на патниот правец Струмица-Ново Село, во близина на крстосницата кон село Сачево.

Сообраќајката ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која информираше дека дошло до директен судир на два автомобили, а пет лица се повредени и се пренесени во Струмичката болница.

За сообраќајната несреќа информираа и од Територијалната професионална против пожарна единица на Струмица. Шест пожарникари интервенирале во извлекувањето на повредените, кои потоа биле предадени на екипите на Првата помош.

На местото на несреќата се врши увид. Патот е затворен за сообраќај, а полицијата го насочува преку заобиколни патишта.

Повеќе детали за несреќата од полицијата најавуваат за подоцна.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2020 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа