Тешко повреден 32-годишен скопјанец - со автомобил се забил во жардињера
Вчера околу 06:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Х.(32) од Скопје, удрило во бетонска жардињера.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
08.08.2025 - 14:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа