Тешко повредена 24-годишна девојка во судир на мопед и автомобил во Тетово

 

Дваесет и четиригодишна девојка од Тетово е тешко повредена во сообраќајна незгода што попладнево се случила околу 17:30 часот.

-Се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „мерцедес” со тетовски регистарски ознаки управувано од Љ.Х (21) од тетовска Стримница и мопед, исто така, со тетовски ознаки што го управувала 24-годишната тетовка Е.З. Во несреќата, таа се здобила со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Сообраќајната незгода се случила на крстосницата меѓу улиците „Борис Кидрич” и „Благоја Тоска”.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

22.09.2023 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега