„Тесла“ на Илон Маск купи цело богатство во биткоини

Компанијата „Тесла“ денеска соопшти дека купила биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари и оти планира да ги продава своите производи со криптовалутата. Во апликацијата до Комисијата за хартии од вредност и берзански тргувања (СЕК), „Тесла“ посочи дека откупува биткоин „за поголема флексибилност во натамошната диверзификација и максимизирање на повратот на кеш”. 

 

Компанијата, исто така, изјави дека започнува да ја прифаќа криптовалутата за набавка на своите производи, но дека тоа ќе биде „подложно на актуелните закони и начелно ограничено”. Како што јавуваат некои американски медиуми, ова ќе биде првпат голем производител на автомобили да најави користење на биткоини.  

Претседателот на „Тесла“, Илон Маск, поттикна повеќе прашања по неговото однесување на Твитер овие денови, откако ги охрабри луѓето да купуваат биткоини што доведе до зголемување на вредноста на криптовалутите, како биткоинот и доџкоинот. 

Со најавата на „Тесла“, вредноста на биткоинот порасна до 44.200 американски долари. Акциите на „Тесла“ денеска пораснаа за два отсто. Во апликацијата до СЕК, компанијата ги предупреди инвесторите дека вредноста на биткоинот е со екстремни варијации. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.02.2021 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа