Тетовец најден починат во соба во која живеел под кирија

Педесет и деветгодишен тетовец бил најден починат во соба во Гостивар.

„Вчера во 18.35 часот било пријавено дека во Гостивар, во соба од објект каде престојувал под кирија, бил пронајден починат Џ.Б.(59) од Тетово. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство“, објави МВР.

Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

02.06.2023 - 21:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега