Толку мала, а веќе е богаташка: 4-годишно девојче од Бразил се збогатило поради паметниот потег на својот татко

Едно девојче во Бразил остварило 6.500% добивка на еден биткоин откако цените скокнале на 60.000 долар.

4-годишното девојче, чиј идентитет нема да биде откриен, добила еден биткоин од својот татко Жоаоа Канхаде во 2017 година кога Биткоинот сѐ уште имал цена од 915,80 долари.

"Само што се роди мојата ќерка, во 2017 година ѝ купив еден биткоин, не само како подарок туку и како начин за вложување во оваа нова економија. Во тоа време биткоинот чинеше 5.000 бразилски реали", рекол за Коинтелегарф таткото на девојчето.

Цената на Биткоинот ја проби бариерата од 60.000 долари за време на викендот, достигнувајќи краток максимум од 62.600 долари за првпат од август.

Биткоинот е посилен речиси 90% во последните три месеци и е сѐ поблиску до достигнување на своето рекордно ниво од 64.869 долари поставено во април оваа година.

18.10.2021 - 22:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа