Тошковски чисти во МВР: Паѓаат корумпирани и насилни полицајци

Тошковски прави чистка во МВР. Само денеска полицијата објави информација дека 2 полицајци добиле кривични пријави а уште тројца ќе се соочат со дисциплинска постапка за сторени прекршоци во работењето. Едната кривична ја добива полицаец поради тоа што тепал други лице во казино а другата кривична пријава е поради тоа што полицаец од Македонска Каменица му се заканувал на граѓанин.
Тројца полицајци за случајот со тепачката во казиното во Куманово ќе се соочат со дисциплинска постапка. Полицајците кои добија кривични се суспендирани.

Во вчерашниот билтен исто така имаше кривична за полицаец од Крушево
„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал, поднесе кривична пријава против З.Н., полициски службеник во Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“, - стоеше во билтенот.

На крајот на минатата недела кривична доби и сообраќаец бидејќи земал мито од косовски државјанин за да не му пише казна.

На средина од месецов приведен беше и член на обезбедувањето на Мицкоски кој нападнал друг колега во кафуле.

29.02.2024 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега