Трајановски: Шилегов и Заев наместо изградба на нов објект, најавија најобична реконструкција на Универзална сала

 

Изградбата на нова Универзална сала беше еден од ударните проекти на Петре Шилегов за време на локалните избори во 2017 година. Како и по обичај, Шилегов брзо ги заборави неговите ветувања кон скопјани и веќе 3,5 години нема никаква реализација на помпезно најавуваниот проект, објави на Фејсбук поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски.

„ Во соработка со Министерството за култура, им оставивме готов проект, со кој покрај реконструкција, беше предвидена и надградба, проширување на капацитетите на салата, нови содржини и изградба на подземен паркинг простор. За жал и толку Шилегов не е способен да реализира. Секоја година излегуваа на помпезни прес-конференции, заедно со тогашниот министер за култура Алаѓозовски, дека кај и да е ќе почнат со реализација. Во нивната неспособност да го сработат ветеното кон скопјани, минатата 2020 година им текна да ја рушат Универзалната сала за да направеле, парк па откако цела јавност скокна се повлекоа од идејата и рекоа дека ќе ја реконструираат.

Значи, чекавме цели 3,5 години, без ама баш ништо да се преземе, за денеска, неколку месеци пред крајот на мандатот, Шилегов и Заев наместо изградба на нов објект или надградба на постоечкиот, да најават најобична реконструкција на Универзалната сала“ напиша Трајановски.

САГАТА НАРЕЧЕНА УНИВЕРЗАЛНА САЛА Изградбата на нова Универзална сала беше еден од ударните проекти на Петре Шилегов за...

Posted by Коце Трајановски on Monday, 1 March 2021

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега