Трајановски: Шилегов по 3,5 години успеа да ја уништи скопската гордост – успешно го вративте ФК Вардар во втора лига

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски преку Фејсбук реагира дека сегашниот прв човек на главниот град е виновен за испаѓањето на ФК Вардар во втората лига.

-Неколку дена откако и официјално ФК Вардар испадна од првата фудбалска лига сакам да му честитам на Петре Шилегов! После 3,5 години успеавте да ја уништите скопската и македонската фудбалска гордост, ФК ВАРДАР. Од шампион успешно го вративте во втора лига, пишува Трајановски на Фејсбук.

Тврди дека иако неговото владење не било совршено, тогашната градска администрација работела на афирмација на спортот во Скопје.

-Водилка ни беше скопската спортската звезда да опстои и да се гордееме со шампионските успеси во Македонија и Европа. Овој успех Петре, скопјани нема да ти го заборават !!! Јас го сакам Вардар и тој повторно ќе блеска, вели Трајановски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 22:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа