Трактор управуван од малолетничка падна во канал, загина сопатникот

 

Голема трагедија се случи вчера на локален пат во селото Тромеѓа, Кумановско.

Трактор управуван од малолетничка од ова село излетал од патот и паднал во канал. На местото на несреќата починал сопатникот М.С.(63) од с.Младо Нагоричане, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт, велат од полицијата.

Со телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид.

29.05.2023 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега