Трамп доби рок од десет дена да уплати 175 милиони долари за жалба на пресудата за измама

Апелациониот суд во Њујорк денес му даде рок уште десет дена на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, да плати 175 милиони долари за да поднесе жалба на пресудата за граѓанска измама. Судот со тоа ја намали сумата што Трамп треба да ја плати од 464 милиони долари, пренесуваат медиумите.

Во случај да не ја плати одредената сума, властите во Њујорк би можеле да запленат дел од неговиот недвижен имот.

 Судијата Артур Енгорон, минатиот месец пресуди дека Трамп и неговата компанија незаконски ја зголемувале вредноста на нивното богатство и манипулирале со вредноста на имотот за да добијат поволни заеми од банките и поволни услови од осигурителните компании.

На денешното судење, поранешниот претседател истакна дека ќе ги плати 175-те милиони долари во готовина или обврзници, во рокот што го доби од 10 дена.

25.03.2024 - 18:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега