Трамп: Можно е Путин да е вмешан во смртта на Навални


Поранешниот американски претседател – Доналд Трамп, изјави за Фокс њуз дека рускиот претседател Владимир Путин „веројатно е вмешан“ во смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој почина минатиот месец во затвор во Арктичкиот круг, пишува денеска „Политико“.

„Не знам, но можеби, мислам веројатно, би можел да кажам веројатно, не знам“, рече републиканскиот претседателски кандидат на САД во интервју за Фокс њуз, на прашањето дали Путин сноси одговорност за смртта на Навални.

„Тој е млад човек, па статистички би бил жив уште долго. Така се случи нешто што беше невообичаено“, додаде Трамп.

Навални, водечката фигура на руската опозиција, почина на 16 февруари во казнена колонија, а ЕУ и САД директно ја обвинија Русија за смртта на Навални, потсетува европското издание на порталот.

Трамп пак вети дека ќе ја прекине помошта за Украина и ќе го принуди Киев да седне на преговарачка маса со Русија, а за време на интервјуто рече дека се надева дека нема да мора да избира дали ќе испрати оружје во Киев или ќе го остави „Путин да ја проголта Украина”.

– Се надевам дека нема да дојде до тоа, изјави Трамп, кој тврди дека војната никогаш немаше да се случи доколку тој останеше претседател на САД.

18.03.2024 - 14:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега