Тревор Ноа се повлекува како водител на „Дејли шоу“

Комичарот Тревор Ноа најави дека се повлекува од улогата на водител на The Daily Show.

„Исполнет сум со благодарност, но има уште еден дел од мојот живот што сакам да продолжам да го истражувам“, рече тој на крајот на вчерашната емисија.

38-годишниот Тревор го води ток-шоуто со сатирични вести откако ја презеде должноста од Џон Стјуарт во 2015 година.Тој рече дека времето на неговото заминување ќе биде објавено подоцна и дека во меѓувреме ќе продолжи како домаќин.

Ноа ја почна својата кариера во родната Јужна Африка, објавувајќи низа стендап спешли и водејќи неколку вечерни емисии пред да се пресели во САД во 2011 година.

Тој сè уште беше релативно непознат кога беше избран да го преземе „Дејли шоу“ на мрежата „Комеди централ“, но оттогаш стана меѓународно призната ѕвезда и освои бројни телевизиски награди.

Ноа ја соопшти одлуката на крајот од емисијата во четвртокот вечерта, предизвикувајќи изненадување кај публиката во студиото.

Тој ѝ се заблагодари на екипата на шоуто и на верните фанови за, како што рече, „неверојатните седум години“.

30.09.2022 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега