Трипуновски: 7 сантиметри го делат Охридското езеро од еколошка катастрофа, загрозено е заради Заев и желбата за профит

Се наоѓаме покрај Охридското езеро, бисерот на Македонија, кој заради расипничката влада и Зоран Заев е пред еколошка катастрофа. Езерото е на само 0.07 метри до нивото на минималната кота, односно до истата има уште 7 сантиметри, изјави денеска за медиумите, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Само уште 7 центиметри го делат Охридското езеро од еколошка катастрофа. До сега езерото изгубило многу вода, а моментално водата е падната за 58 центиметри од максималната кота на езерото. Откако Охрид беше на прагот на да го изгуби статусот на УНЕСКО, сега е на прагот да доживее еколошка катастрофа. Охридското езеро е дом на 17 видови на риба, од кои 10 се ендемски, исто така езерото има голем број на ендемска флора, на која со евентуална еколошка катастрофа и се ризикува нејзиниот опстанок, посочи тој.

– Охридското езеро е испразнето како резултат на зголеменото испуштање на вода во реката Црни Дрим се со цел производство на струја во двете хидроцентрали низводно на реката, и сето тоа за да се засити желбата за профит на Зоран Заев.Зоран Заев и СДСМ не сфаќаат дека Охридското езеро е своевидна природна реткост и светско природно наследство која нашата држава за среќа ја има и како такви сме должни да се грижиме за него, како заради нас самите нас, така и заради целиот свет.Се ризикува животната средина, се ризикува туризмот и се ризикува нормалното живеење на сите во регионот. Зоран Заев и владата мора да понесат одговорност за оваа состојба, дециден е Трипуновски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2020 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа