Трипуновски: Езерото Турија од која вода пие Струмица и се наводнува цело поле, заради неспособноста на Заев е испразнето

 

Водата од езерото е намалена за повеќе од половина, истакна денес Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се наоѓаме пред езерото Турија и од ова езеро се наводнуваат земјоделските површини во целата Струмичката котлина, но и се снабдува Струмица со вода за пиење. Поради неспособноста на Заев и од ова езеро како сите останати акумулации ширум Република Македонија е доведено во знак прашање. Езерото Турија е доведено до степен на пресушување.Зоран Заев ја става под знак прашалник претстојната земјоделска сезона.Езерото Турија е од есенцијална важност за целиот регион.Зоран Заев не смее да си поигрува со егзистенцијата на илјадници семејства кои што живеат од земјоделство и ги  прехрануваат своите семејства“ рече Трипуновски.

Тој наведе дека потребен е сериозен пристап со управување со водниот ресурс во Република Македонија.

„Се што покажа власта е дека со аматеризам и трка за профит, при што страдаат граѓаните.

Сите езера ги пресушија, само за да произведат повеќе струја во летниот период, кога таа е поевтина, а сега не можат да произведат струја и увезуваат поскапа струја. Едноставно кажано, двоен трошок.

Државата и граѓаните се систематски и трајно оштетени. Токму затоа го повикуваме Зоран Заев да не си игра со водниот фонд во Република Македонија и доколку не знае да управува со истиот, нека се советува со експертите кои што нашата држава ги има“ рече Трипуновски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.11.2020 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа