Тројца македонски планинари го искачија врвот Брајтхорн Зермат на швајцарските Алпи
Двајца планинари од Кавадарци и еден од Неготино, денеска го искачија врвот Брајтхорн Зермат на швајцарските Алпи, што се наоѓа на надморска височина од 4.164 метри.
Станува збор за кавадарчаните Гоце Попов и Весна Чемерска, членови на планинарското друштво „Орле” и неготинецот Пере Самандов.
-Немаше никакви проблеми. Планинаревме пет часа и триесет минути. На врвот беше минус осум степени, времето облачно, изјави Попов за МИА.
23.05.2022 - 18:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа