Турција: Турската изборна комисија ја потврди победата на Ердоган на претседателските избори

Нов мандат за турскиот претседстел Реџеп Тајип Ердоган по вчерашната победа на досега најнеизвесните избори од почетокот на неговото владеење.

Владеењето на Ердоган во земјата ќе продолжи и во наредниве пет години.Населението го поддржа со 52 проценти од гласовите.

Ердоган, качен на автобус, порача дека резултатите од гласањето покажале дека единствен победник е Турција а на граѓаните им вети дека во следниот мандат, ќе биде фокусиран на економијата.

„Денес никој не изгуби. Денес победија сите 85 милиони граѓани. Веќе е време да се обединиме околу нашите национални цели и соништа . Не сме само ние победници. Победник е турција, победник е нашата демократија. На патот ќе продолжиме со доверба и стабилност.“ – додаде тој.

Опозицискиот кандидат,Кемал Клчдорглу кој не го признал поразот, вели дека ова биле најнефер избори во историјата на земјата.

„Сите државни средства беа мобилизирани за една политичка партија. Сите можности беа ставени под нозете на еден човек. Длабоко сум тажен поради тешкотиите што ја чекаат Турција.“ - изјави  Клчдорглу.

Ердоган ја прославуваше победата во раскошната палата во Анкара,додека неговата поддршка до доцна во ноќта ја славеа победата на улиците.

Според агенцијата Анадолија, од четири гласачки места во земјава, Киличдароглу победил со 916 гласови, наспроти Ердоган кој имал 761 глас.

29.05.2023 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега