Уапсен директорот на црногорската Управа за приходи и царини

Црногорската полиција го уапсила директорот на Управата за приходи и царини на Црна Гора, Раде Милошевиќ поради сомнение дека е дел од организиран криминал.

Милошевиќ е осомничен дека бил дел од организираната група која крадела и шверцувала цигари кои полицијата ги заплени летово на пристаништето во Бар.

Милошевиќ и уште неколку лица биле уапсени по наредба на Специјалното државно обвинителство, а тој дојде на директорската позиција во април годинава.

02.10.2022 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега