Украдени три електрични тротинети во Скопје

 

На социјалните мрежи беа објавени фотографии од неколку уништени и фрлени електрични тротинети, кои требаше да бидат алтернативно превозно средство во Скопје. Исто така, веќе биле украдени и три тротинети.

Порпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски за „МКД.мк“ кажа дека досега се пријавени три кражби на електрични тротинети, сопственост на турската фирма.

Според првите впечатоци, и овој проект за помош на граѓаните би можел наскоро да „згасне“ поради (не)културата на поединци кои за само неколку дена оштетија голем дел од тротинетите.

23.05.2023 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега