Ураганот повторно се засилува: Затворени паркови и плажи на Флорида

Ураганот Исаија го погоди источниот брег на Флорида, проследен со обилни врнежи од дожд и силен ветер, а од тропското невреме повторно стана ураган бидејќи се движеше понатаму северо-источно по должината на источниот брег на Соединетите држави.

Плажите, парковите и мобилнитре амбуланти за тестирање од Ковид 19 на Флорида се затворени, а гувернерот на Флорида, Рон де Сантис, посочи дека можни се прекини на електрична енергија.

АП пренесува дека Националната служба за набудување на ураганите соопшти дека Исаија во моментот е во категоријата тропско невреме, се движи со брзина од 105 километри на час, но полека се стекнува со интензитет и продолжува да се движи по источниот брег на Соединетите држави, апелирајќи до граѓаните да тие не се опуштаат.

Спејси Стјуарт, специјалист за урагани, предупреди дека ветровите во долните делови на невремето се здобиле со интензитет и се на работ да станат ураган.

"Очекувавме да се развие ураган, но сè уште не е. Ова е ситуација со две бури - ако сте на западната страна на Исаија, нема да бидете особено загрозени, но ако сте на источната страна - ќе имате многу лоши временски услови", предупреди Стјуарт.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.08.2020 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа