Уште еден градоначалник во Скопjе си ја зграби градоначалничката фотелјата - Oпштината ќе биде отворена за граѓаните за побрза интервенција

Горан Герасимовски ја презеде функцијата градоначалник на општина Центар. Вчера досегашниот градоначалник Саша Богдановиќ му ја предаде канцеларијата со детални информации за проектите во тек. Тој го запозна Герасимовски за функционирањето на општината, работата на администрацијата и другите тековни и секојдневни работи во општинската зграда.

Герасимовски изрази благодарност за досегашното успешно водење на општината напоменувајќи дека ќе продолжи да ги реализира добрите проекти кои носат бенефит за граѓаните. Тие заедно и подетално ги разгледаа проектите кои се во тек на реализација и разговараа за приоритетните и капитални инвестиции кои следат.

„Благодарам за топлиот прием кој го добив од досегашниот градоначалник Саша Богдановиќ. Чест и задоволство ми е што граѓаните ми дадоа можност да управувам со општината и да ги реализирам проектите од програмата која ја направив според нивните потреби. Ветувам дека нашата општина ќе биде зелена, чиста и со резидентни паркинг места за станарите и дека нема да отстапам од злоупотреба на државното земјиште за нова бетонизација на општината ", изјави Герасимовски.

05.11.2021 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега