Утре и задутре оставете ги автомобилите: Повеќе скопски улици ќе бидат затворени

 

Подготовката за Церемонијата по повод Денот на независноста утре утре ќе затвори повеќе скопски улици за сообраќај. Почнувајќи од 11:00 часот, затворени за сообраќај ќе бидат.

- ул. „11-ти Октомври“ и ул. „Димитрие Чупоски“ во правец на движење од ул. „Васил Главинов“ до ул. „Филип Втори Македонски“, додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15:00 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци.
- Од 23.00 часот на 7.9.2021 година до 11:00  часот на 8.9.2021 година  дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул. „Даме Груев“ на потегот од крстосницата со ул. „Македонија“ до крстосницата со ул. „11-ти Октомври“ и ул. „Филип Втори" на потег од Кеј „13-ти Ноември“ до ул. „11-ти Октомври“ и ул. „11-ти Октомври“ на потегот од бул. „Кочо Рацин“до ул. „Даме Груев“.

В среда ќе се одржи централната прослава „30 години независност“ и почнувајќи од 11:00 часот до завршување на настанот затворени за сообраќај ќе бидат:

- бул. „Кочо Рацин“ на потегот од крстосницата со бул. „Кузман Јосифовски Питу“ до ул. „Кирил и Методиј“,
- ул. „11-ти Октомври“ на потегот од ул. „Крушевска Република“ до ул. „Димитрие Чуповски“,
- ул. „Филип Втори“ на потегот од бул. „Гоце Делчев“ до ул. „11–ти Октомври“,
- кеј „13–ти  Ноември“ на потегот од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“,
- ул. „Мирче Ацев“ на потегот од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“,
- ул. „Димитрија Чуповски“ на потегот од порта Македонија до бул. „Климент Охридски“,
- ул. „Даме Груев“ од крстосницата со ул. „Македонија“ до ул. „11-ти Октомври“.

Согласно наведеното Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Сектор за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

06.09.2021 - 18:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега