Утре нови цени на горивата

Како и секој понеделник така и утре попладне, Регулаторната комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемија за 1,00 денар/литар. Со тоа новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит .

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемија за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 04.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,888 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 04.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 29,651 ден/кг.

Останува да видиме дали и утре ќе имаме ново поскапување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2021 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега