Ужас: Фудбалер се самозапали во знак на протест во Тунис

Фудбалер од Тунис се самозапали на почетокот на неделава во знак на протест против „полициската држава“ и почина неколку дена подоцна.

Станува збор за Низар Есауи, кој во својата кариера мина низ неколку елитни тимови во Тунис. 35-годишниот маж се самозапали во понеделникот пред полициската станица во градот Хафуз во централната провинција Каируан.

Пред тоа, Исави објави порака на Фејсбук во која објави дека е осуден „на смрт од оган“.

„Немам веќе енергија, нека знае полициската држава дека казната ќе биде извршена (денес)“, напиша тој во понеделникот.

За време на вчерашниот погреб на Исави дојде до судири со полицијата, која ги растера демонстрантите со солзавец. Претходно стотици локални жители се собраа пред домот на фудбалерот и скандираа: „Со крв и душа ќе се жртвуваме за тебе Низар“.

15.04.2023 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа