Васев: Една недела молк од Мицкоски за скандалот ,,Кражба"

Изминува речиси една недела откако во јавноста проби скандалот „кражба“ каде со документи е потврдено дека Антонијо Милошоски бил осуден од суд во Германија. Една недела скандал „кражба“ една недела молк од Христијан Мицкоски, шефот на Милошоски. Милошоски нема образ да излезе пред граѓаните, а Мицкоски го штити, наместо да повика на морална одговорност.

 Ова денеска на прес-конференција пред партиското седиште го истакна Стефа Васев од СДСМ. Соред него, Мицкоски поддржувал пратеник кој бил осуден за кривични дела во Германија.

-Поддржува ВМРО ДПМНЕ на Мицкоски човек против кого се водат предмети пред македонските судови. Нема ниту "д" од доблест кај Мицкоски. Павда и правичност за Мицкоски се непознати. Од белиот дворец, од симболот на корупцијата и расипништвото, Мицкоски е се уште цврсто застанат на браникот на криминалот. Неговата агедна е да ги одбрани криминалците во своите редови по секоја цена. Затоа, Мицкоски шест пати е поразуван од граѓаните, затоа никој нема доверба во него, рече тој.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.02.2021 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега