Васев: Во ВМРО-ДПМНЕ се радуваат на починати и работат против здравството

Морбидноста во ВМРО-ДПМНЕ достигнува огромни размери. Примерите на мрачниот некрофил Христијан Мицкоски ги следат и во Унијата на млади сили, изјави денеска Стефан Васев од СДСМ.

„Вчерашното поставување на плакат кој алудира на смрт пред Министерството за здравство од страна на претседателот на УМС Аеродром, Стефан Синадиновски е уште еден морбиден, срамен чин“, порача Васев.

Тој посочи и фотографии за кои рече дека се уште еден доказ за морбидноста на ВМРО-ДПМНЕ и дното кое го допрела оваа партија.

„За неверување е дека ДПМНЕ-морбидна им се руга на семејствата кои загубиле свој член од коронавирусот, дека се радува и слави за бројот на почитани лица“, истакна претставникот на СДСМ.

Тој кажа и дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет, никакво право да глуми загриженост за состојбата со коронавирусот.

„Малку им беше тоа што ги прекршуваа мерките, што го поткопуваат здравствениот систем, сега прават и настани со кои застануваат на страната на вирусот“, рече Васев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2020 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега